ЕК: Со царинските такси за Украина, Русија ја крши „Минската спогодба“

Од 1 јануари 2016 година ќе бидат запрени сите трговски олеснувања што постоеја меѓу Русија и Украина.

Претставници на Европската комисија по преговорите за придружувањето на Украина кон ЕУ изјавија дека со воведувањето царински такси за Украина Русија, помеѓу другото, ја прекршува „Минската спогодба“.

„Што се однесува до соопштението на претседателот Путин, беше сосема јасно дека тоа ќе доведе од 1 јануари да бидат запрени сите олеснувања што постоеја меѓу Русија и Украина. Тоа очигледно значи кршење на она што, помеѓу другото, е предвидено со „Минската спогодба“, изјави европскиот комесар за трговија Сесилија Малмстром, пренесува „Взгљад”.

Европската комисија истакна дека страните биле блиску до решение за прашањето за зоната за слободна трговија, но не била покажана флексибилност.

Претставниците на Европската комисија соопштија дека трилатералните преговори со Украина и Русија нема да бидат продолжени.

Во текстот на „Минската спогодба“ нема ни директни, ни индиректни услови за трговските односи меѓу Русија и Украина.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.