Лавров: Борбата против тероризмот е заложник на прашањето за Асад

Шефот на руското МНР го нарече „опасен“ пристапот кога се зборува за немањето можност за координација на борбата против тероризмот во Сирија без да се отстрани претседателот Асад од власт.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази жалење што заедничката задача за борба против тероризмот во Сирија станува заложник на прашањето за политичката судбина на сегашниот сириски претседател Башар Асад, пренесува РИА „Новости“.

„Многу често го слушаме аргументот дека без решавање на прашањето за Асад е невозможно да се развие вистинска координација во борбата со тероризмот. Тоа е опасна логика, опасен пристап“, изјави министерот на прес-конференцијата во ООН по донесувањето на резолуцијата на Советот за безбедност за решавање на конфликтот во Сирија.

„Што се однесува до судбината на Асад... Ние не можеме во принцип да се согласиме со некакви пристапи кои предвидуваат наметнување однадвор решение на секој народ за тоа кого сака да види како свој лидер“, рече рускиот министер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.