Путин: Само сирискиот народ може да одлучи кој ќе раководи со Сирија

Русија ќе ги продолжи воздушните операции и ќе ја поддржува офанзивата на сириската војска додека е потребно, изјави рускиот претседател.

Русија никогаш нема да се согласи некој отстрана да ѝ наметне на Сирија кој ќе раководи со неа, изјави Путин на годинешната голема прес-конференција.

„Русија ќе ги продолжи воздушните операции и ќе ја поддржува офанзивата на сириската војска и ќе бара контакт со сириската опозиција која се бори против ИД“, изјави рускиот претседател. Меѓутоа, Путин не е сигурен дека на Русија ѝ е потребна постојана база во Сирија. „Чуму ѝ е на Русија база во Сирија, ако до некого треба да дофатиме, ќе го дофатиме“, истакна шефот на руската држава.

„Не постои друг начин да се реши сирискиот проблем освен политички“, изјави Путин и додаде дека рускиот план по тоа прашање речиси се поклопува со американскиот.  

„Ние не планираме да бидеме поголеми Сиријци од нив самите. Ќе ги поддржуваме сѐ додека не започне политичкиот процес и додека не почнат да се договараат“, изјави Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња