Советот за безбедност на ООН со нацрт-резолуција за Сирија

Со нацрт-резолуцијата е предвидено создавање механизам за мониторинг на примирјето.

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН го поддржаа текстот на нацрт-резолуцијата и мировниот процес во Сирија, пренесоа медиумите повикувајќи се на дипломатски извори.

Според пишувањето на агенцијата „Ројтерс“ нацрт-резолуцијата на СБ ООН за Сирија се предвидува во рок од еден месец создавање механизам за следење на спроведувањето на примирјето. Исто така ги содржи и претходно договорените рокови за формирање преодна влада и одржување избори под набљудување на ООН, нагласува агенцијата. Според информациите добиени од еден извор, агенцијата наведува дека Саманта Пауер, постојаниот претставник на САД во ООН телефонски им ја соопштила содржината на нацрт-резолуцијата на непостојаните членки.

Конференцијата на Меѓународната група за поддршка на Сирија се одржува во Њујорк, пренела је агенција РИА Новости.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња