Долгот на Украина од 3 милијарди долари спрема Русија е суверен, а не комерцијален долг, се наведува во одлуката на бордот на директори на Меѓународниот монетарен фонд.
„Бордот на директори на ММФ призна дека долгот на Украина спрема Русија е суверен, а не комерцијален“, соопшти службеник на фондот, пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, гласањето за статусот на долгот е извршено на тој начин што на директорите им се испратени предлози за одлуката. Според правилата, доколку некој од директорите би бил против, би било потребено лично присуство на состанокот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче