Песков: Одлуката на ММФ за долгот на Киев е опасен преседан

Руските власти ја сметаат одлуката на ММФ за можноста за кредитирање земји со заостанати долгови за опасен преседан, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Ќе мораме детално да ги анализираме причините и евентуалните последици од оваа одлука“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија може да излезе од ММФ, пренесува „Взгљад“.

Тој нагласи дека станува збор за суверен долг на Киев.

„(Одлуката на ММФ) е преседан, несомнено, непосакуван за нас, а најважно, од наш агол, е тоа што за меѓународната пракса тој е мошне опасен, затоа што, едноставно речено, се создава многу опасен преседан кој дозволува можност за неплаќање суверени долгови“, прецизираше портпаролот на Кремљ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња