РФ нема да го напушти ММФ поради ситуацијата со украинскиот долг

Русија не смета дека е неопходно да излезе од ММФ поради неговите најнови одлуки за изедначување на положбата на комерцијалните и државните кредитори на земјите кои ја добиваат поддршката на Фондот, изјави министерот за финансии на РФ Антон Силуанов.

„Што се однесува до односите со Монетарниот фонд, ние сме една од клучните членки, не сметаме дека е потребно да го напуштиме Фондот поради сложената ситуација до која дојде во моментов, ги пренесува зборовите на Силуанов „Интерфакс“. 

Министерот истакна дека ММФ „спроведува правилна политика, насочена кон поддршка на платниот биланс, буџетот на земјите на кои им треба финансиска помош, структурни реформи“.

„Таму има многу висококвалификувани стручњаци кои работат во земјите, придонесуваат за развојот и финансиската стабилност. Тоа е многу важна и потребна институција, особено во денешната сложена ситуација во светската економија. Сметам дека излегувањето од Фондот би било апсолутно непрактично. Ние ќе останеме членка на оваа важна меѓународна институција“, изјави Силуанов.

Притоа тој нагласи дека обемите на поддршка кои може да ги реализира ММФ во случај на негова дополнителна капитализација би можеле да имаат поголема тежина, а принципите на работа би можеле да бидат „поправедни и поефикасни“.  

Кремљ претходно ја нарече одлуката на ММФ за украинскиот долг „опасен преседан“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња