Лавров: Пред инцидентот со Су-24 Путин лично му се извини на Ердоган

На 3 октомври, кога нашата авијација почна да дејствува на сириска територија, наш авион неколку секунди навлезе во воздушниот простор на Турција. Турците ни испратија протест и ние се извинивме, рече министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за италијанските медиуми.

„Се разбира, тоа е нож во грб, нема никаков сомнеж“, истакна Лавров, зборувајќи за потезите на Турција во врска со соборувањето на рускиот Су-24, пренесува „Взгљад”.

„Навистина, еднаш, на 3 октомври, кога нашата авијација почна да дејствува на сириска територија, се случи наш авион неколку секунди да навлезе во воздушниот простор на Турција. Турците ни испратија протест и ние се извинивме. Путин лично разговараше со Ердоган. За потполно незначително нарушување на воздушниот простор кое, Турците го знаеја тоа, на ниту еден начин не значеше дека планираме какви било непријателски дејствија спрема Турција“, рече министерот Лавров.

„Самата Турција, кога Сиријците пред три година соборија нејзин авион, соопшти (а тоа го изјави лично Ердоган) дека не треба да се смета дека нарушувањето на воздушниот простор од неколку секунди претставува кршење на меѓународното право“, истакна Лавров. „Тоа не е причина за примена на оружје“.

„Сега Турција е изложена на критика, затоа што влезе со воени единици во Ирак, повикувајќи се наводно на договор за обука на Курдите. Меѓутоа, Багдад демантира дека такви договори постојат”, изјави рускиот министер. „И најважно е дека овие сили кои се составени од тенковски единици и друга оклопна техника не се испратени во курдските реони, туку во реоните во кои Турците никогаш порано не спроведувале некакви обуки со некого.”

„Но слушајте што велат турските власти, оние исти власти кои изјавија дека е целосно легитимно она што го сторија кога го соборија рускиот авион. Тие велат: ние го почитуваме територијалниот интегритет на Ирак и сѐ што правиме во Ирак има за цел да го обезбеди и зајакне суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак. Тоа е целото нивно објаснување. Сфаќате ли дека истите тие луѓе велат дека 17 секунди, според нивната пресметка, се доволна причина за да се собори руски авион“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња