МНР РФ: Москва го осудува присуството на турската војска во Ирак

Руските власти го осудија влегувањето на турската војска на територијата на Ирак без соодветна покана и одобрение на Багдад, нарекувајќи ги таквите дејствија противправни.

Москва го смета за противправно присуството на турски војници на ирачка територија без одобрение на Багдад, што е неприфатливо, изјавија од МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.  

„Како дополнителен и многу сериозен фактор на тензиите се јавува и противправното присуство на турските војници на ирачка територија во близина на градот Мосул, кои пристигнаа таму без соодветно барање или одобрение на легитимната ирачка влада. Го сметаме таквото присуство за неприфатливо“, се вели во соопштението објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

На 4 декември турски тенковски баталјон навлезе во ирачката провинција Најнава под изговор борба против курдските одреди  на народна самоодбрана кои војуваат против терористите. Ирачкото Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана го осудија упадот на турската војска и го окарактеризираа како непријателски чин и ѝ дадоа рок од 48 часа на турската влада да ја повлече војската од ирачка територија.

По тој повод Русија свика седница на Советот за безбедност на ООН.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња