Порошенко апелира ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија

Антируските санкции треба да бидат продолжени поради неисполнувањето на Минската спогодба од страна на РФ, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко на маргините на климатската конференција во Париз.

Претседателот на Украина Петро Порошенко ги повика властите на европските земји да ги продолжат санкциите против Русија, се вели во соопштението на сајтот на Порошенко, пренесува РИА „Новости“.

Се истакнува дека во рамките на климатската конференција на ООН во Париз Порошенко имал низа средби со претседателите на Австрија, Латвија, Романија и со премиерите на Италија, Холандија, Луксембург, Словачка и Грција.

„Претседателот апелираше до лидерите на овие земји да ги продолжат санкциите против Русија поради нејзиното неисполнување на „Минската спогодба“, се вели во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња