Песков: Турција го прекрши меѓународното право

Авионот е соборен на небото над Сирија, што претставува кршење на меѓународното право и исклучително непријателска постапка, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Испраќајќи системи С-400 во воздухопловната база Хмејмим во Сирија, Русија поаѓа од фактот дека Су-24 е соборен на небото над Сирија, што претставува кршење на меѓународното право и непријателска постапка, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад”.

„Авионот е соборен на небото над Сирија, што претставува кршење на меѓународното право и исклучително непријателска постапка против воен авион на Руската Федерација. Тоа е нешто од кое поаѓаме“, рече Песков, одговарајќи на прашање за можна ескалација на судирот во врска со испраќањето противракетни системи во Сирија.

Тој исто така истакна дека Русија првенствено се потпира на податоците од контролата на руските стручњаци кои го следеле летот на соборениот Су-24.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја не сака инцидентот со соборениот руски авион да ескалира. Исто така, според неговите зборови, турското воено воздухопловство при нападот врз Су-24 наводно не знаело дека авионот ѝ припаѓа на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња