МО РФ објави шематски приказ на соборувањето на Су-24 од страна на Турција

Министерството за одбрана на Русија објави шематски приказ на соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турски F-16, според кој авионот на ВВС Русија не ја преминал границата со Турција, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Сергеј Рудској.

Во изјавата на Рудској се вели дека според точните податоци на објективната контрола рускиот авион не ја преминал границата со Турција, што е потврдено и од податоците на сириската ПВО, соопштува Министерството за одбрана на Русија, а пренесува „Взгљад“.  

На пример, според приказот се гледа дека Су-24 не го нарушил воздушниот простор на Турција. Напротив, авионот Ф-16 што го соборил рускиот Су-24 ја преминал границата на Сирија. Исто така, на приказот се гледа дека рускиот авион летал на оддалеченост од 1 километар од турската граница, а турскиот авион по соборувањето со ракета на рускиот авион се вратил на територијата на Турција. Рускиот авион паднал на оддалеченост од 4 километри од границата со Турција, што исто така се гледа на приказот.

„Овој факт се смета за најгрубо кршење на нормите на меѓународното право со најтешки последици и директно прекршување на Меморандумот за спречување на инциденти и обезбедување на безбедноста за летовите во Сириската Арапска Република, склучен со САД и важечки за сите земји на коалицијата, вклучувајќи ја и Турција“, соопштува Министерството за одбрана на РФ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња