„Експерт“: Од Москва се бара да разбере и прости

Претседателот на Турција, како и што се очекуваше, не ја искористи последната можност да го изгасне пламенот на кризата, не побара прошка за соборениот руски авион. Место тоа ја поддржа акцијата на своите вооружени сили, пишува Геворг Мирзајан, политички аналитичар на порталот „Експерт Онлајн“ (Expert Online) и еден од авторите на нашиот сајт.

Но експертите, продолжува Мирзајан, беа повеќе заинтересирани околу тоа како ќе заврши вонредната седница на постојаните претставници на НАТО државите, а тие во целост застанаа на страната на својот сојузник во блокот, изјавувајќи дека Анкара има право да го брани својот суверенитет. Не им пречеше фактот дека пред неколку години во слична ситуација сириската армија собори турски авион поради повреда на својот воздушен простор. Анкара тогаш тврдеше дека за толку краткотрајна повреда на границата не смеат да се соборуваат авиони, а НАТО ја осуди Сирија за покажана агресија“, пишува „Експерт Онлајн“.

Американците сега не само што ја оправдаа Турција, туку и убиството на невооружениот пилот додека се спуштал со падобран. Но важно е тоа дека ниту Американците, ниту НАТО не најавија никакви мерки да ја заштитат Турција од може руски одговор. Напротив, беше изјавено дека акциите на Турција се нејзина иницијатива за одбрана на нејзините граници, а меѓу редови можеше да се прочита барање Москва да разбере и да прости“.

Покрај разновидни економски одговори спрема Турција, авторот на статијата предлага едноставно да се уништува секоја турска воена техника или војска која би ја преминала сириската граница. „На крај Ердоган ќе се најде пред тежок избор: да губи свои авиони или тенкови, или да ја прекине операцијата против сириските Курди и да се помири со тоа дека таа територија ќе биде одлична позадина за турските Курди. Русија, згора на тоа, би можела и директно дипломатски и со оружје да ги поддржи турските Курди. Но до тоа ќе дојде дури откако Русија ќе ја дефинира иднината на Турција на својата надворешнополитичка шаховска табла“, пишува Геворг Мирзајан.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.