Стејт департментот смета дека руските пилоти се изрешетани во самоодбрана

Захарова: „Запаметете ги овие зборови. Никогаш не ги заборавајте. И јас нема да ги заборавам. Ви ветувам.“

САД не ја отфрлаат можноста дека сириските Туркмени во самоодбрана пукале во пилотите на соборениот руски Су-24, пренесуваат светските медиуми. Тоа го изјави портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер на конференцијата за печатот, напиша портпаролот на руското МНР Марија Захарова.

„Ако туркменските сили биле цел на руските бомбардери, тие имале право да се бранат“. Така Тонер ја коментираше видео-снимката на која милитантите ги решетаат пилотите. На прашањето дали убивањето на невооружените пилоти може да се смета за самоодбрана, Тонер одговори: „Немаме јасна претстава што всушност се случило таму.“

„Запаметете ги овие зборови. Никогаш не ги заборавајте. И јас нема да ги заборавам. Ви ветувам“, напиша Марија Захарова, портпаролката на МНР РФ на својот Фејсбук-профил.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња