„Сите земји се исклучително заинтересирани универзитетот да привлече колку што е можно повеќе студенти и да придонесе за ширење на академската размена. Мислам дека се работи за илјадници студенти од секоја земја. Сите обуки ќе бидат бесплатни. Тие ќе бидат платени од страна на земјите-членки на БРИКС, секоја ќе плаќа за своите студенти“, рече Ливанов по состанокот на министрите за образование на БРИКС, пренесува „Интерфакс“.
Според неговите зборови, одлуката за тоа каде ќе биде седиштето на универзитетот сѐ уште не е донесена, но истакна дека Русија е подготвена да ја прифати оваа улога доколку биде донесена заедничка улога.
„Ние на експертско ниво ќе го разгледаме прашањето за местото на седиштето (на универзитетот). Координатор во Интернет универзитетот на БРИКС од руска страна ќе биде Уралскиот федерален универзитет, па доколку Русија биде избрана за седиште, најверојатно тоа ќе биде во Екатеринбург“, рече министерот.
Тој нагласи дека интернет универзитетот ќе создаде нови можности за размена на студенти и наставници, како и за реализација на заеднички истражувања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче