Деловите од авионот А321 наскоро ќе бидат пренесени во Каиро и детално проучени, пишува египетскиот весник „Ал-Масри Ал-Јоум“, повикувајќи се на извор во комисијата што ја истражува авионската несреќа.
Вчера истражителите под силно обезбедување од војската на Египет го посетија местото на кое падна авионот, пренесува РИА „Новости“. Извор во комисијата уште еднаш за египетскиот весник потврди дека засега не се откриени траги од експлозив на деловите од авионот или на телата на жртвите.
Претходно рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за „Росијскаја газета“, кое ќе биде објавено на 11 ноември, потврди дека можноста за терористички напад останува како една од верзиите за падот на авионот, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека истрагата за причините „сѐ уште трае“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче