Британските иследници претпоставуваат дека експлозивна направа можело да биде поставена во товарниот дел на рускиот А321 кој се урна во Египет, соопшти во петокот „Би-Би-Си“ повикувајќи се на извори кои учествуваат во истрагата за несреќата.
Некој, кој имал пристап до делот за багаж во авионот можел да постави експлозивна направа над или во багажот пред полетувањето, изјавија за „Би-Би-Си“ извори во британските безбедносни служби.
Британските власти сметаат дека постои „сериозна веројатност“ причина за катастрофата да биде експлозивна направа. Во врска со тоа владата на Велика Британија им забрани на авиокомпаниите да летаат за Шарм ел Шеик и препорача воздржување од секакво патување во познатото египетско одморалиште. По Велика Британија, и низа други европски држави го прекинаа авионскиот сообраќај со Шарм ел Шеик, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче