Тешко е да се согласиме со тезата дека САД немаат намера да го променат политичкиот систем во Русија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, а пренесува „Взгљад”.
„Еден од нашите колеги вели дека е погрешна интерпретација тоа дека САД сакаат да го променат политичкиот систем на власт во Русија. Тешко е да се согласиме со вашето толкување. Ако директно во законот на САД, според мене, што се однесува на Украина, директно се споменува Русија: целта е демократизација на Руската Федерација”, рече Путин на пленарната седница на клубот „Валдај” во четвртокот како одговор на репликата на еден од учесниците на состанокот.
„Дали е можно да се замисли ние во свој внатрешен закон да наведеме за цел демократизација на САД? Тоа е, во најмала рака, непристојно“, истакна рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче