Лавров: Ситуацијата во Сирија не може да се реши без поддршката на Иран

Во петок, 23 октомври, во Виена ќе се одржи состанок посветен на решавање на сириската криза, на кој ќе учествуваат министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, државниот секретар на САД Џон Кери, како и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Турција.

Москва е уверена дека создавањето надворешен круг на поддршка за решавањето на сириската криза без учество на Иран нема да донесе резултати, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Ние, согласувајќи се на овој формат, уште еднаш повторивме дека сме уверени дека обидите да се создаде таков надворешен круг на поддршка за решавањето на кризата во Сирија без учество на Иран нема да донесе резултати. Се разбира, уверени сме дека во сегашните услови суштински важно е да се вклучат во оваа група и Египет, Катар, Емиратите и Јордан“, изјави Лавров, а пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, „сосема е можно некои од овие земји да имаат утре во Виена свои претставници, но на паралелни состаноци“, рече шефот на руската дипломатија. „Тие изразија желба да разговараат со нас. Ние сме подготвени на тоа“, истакна Лавров.

Во петок, 23 октомври, во Виена ќе се одржи состанок посветен на решавање на сириската криза, на кој ќе учествуваат министерот за надворешни работи на Русија  Сергеј Лавров, државниот секретар на САД Џон Кери, како и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Турција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.