Сергеј Иванов ги објасни причините за руската операција во Сирија

Причината за почетокот на операцијата на ВС Русија во Сирија е настанатата ситуација со тероризмот, а не наводниот обид „да се оттргне вниманието“ од конфликтот во Украина, изјави шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов.

„Ситуацијата стана неподнослива“, го пренесува ТАСС одговорот на Иванов на прашањето зошто Русија сега ја започна операцијата во Сирија.

Истовремено Иванов потенцира дека „Русија во наведениот случај нема никакви надворешнополитички амбиции“.

Шефот на администрацијата на Кремљ, на пример, потсети дека во редовите на терористичката група „Исламска држава“ „војуваат илјадници дојденци од Русија и земјите на ЗНД“. „Ќе чекате тие малку да тренираат таму и мирно да се вратат дома?“, истакна Иванов. Според неговите зборови, руското воено учество е со цел „да направи да нема кој да дојде од ИДИЛ во Русија и сите борци да останат да лежат во земјата на Сирија“.  

Притоа Иванов ги нарече „празни разговори“ претпоставките дека Русија наводно на тој начин се обидува да го одвлече вниманието од ситуацијата во Украина. „Јас веќе објаснив зошто ние сметавме дека е можно да се одговори на барањето на легитимното раководство на Сирија за помош во борбата со терористите од различен вид. Какво одвлекување на вниманието, што зборувате?“, истакна шефот на администрацијата на Кремљ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња