Откако руски авион го наруши воздушниот простор на Турција, властите на оваа земја првпат се заканија дека ќе ја запрат реализацијата на заедничкиот гасен проект „Турски тек“. Според зборовите на стручњаците на нашето издание, заканата не е реална, меѓутоа, иднината на рускиот пазар на гас во голема мера зависи од ставот на Турција.
„Запирањето на проектот „Турски тек“ поради незадоволството на Турција од политиката на Русија во Сирија тешко може да се реализира, пред сѐ поради интересот на Анкара за снабдување со гас и за зголемување на улогата на Турција на енергетскиот пазар во ЕУ по пуштањето во работа на овој проект“, изјави Иван Капитонов, доцент на Институтот за државна служба и менаџмент на Руската академија на национална економија и јавна управа.
Според неговите зборови, турската страна попрвин ќе бара поголем попуст за купување на рускиот гас отколку што реално ќе се закани со затворање на проектот.
Според зборовите на аналитичарот на Инвестициската компанија „Премиер“ Сергеј Илин, изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган носи, најверојатно, политичка порака, а не економска, и е наменета за внатрешниот аудиториум.
„Турција добива од Русија околу 60% гас (27 милијарди кубни метри во 2014 година), и без оглед на формално достапните алтернативи, овој обем може да го замени само ако создаде нова инфраструктура, изгради нови гасоводи и терминали за складирање на гасот“, истакнува Капитонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче