Ердоган: Турција може да го преиспита прашањето за купување руски гас

Покрај тоа, Турција може да го преиспита и прашањето за изградба на АЕЦ „Акују“ според рускиот проект, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Турија во врска со заострувањето на односите со Русија поради неодамнешните инциденти може да го преиспита прашањето за купување руски гас, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

„Русија треба да биде чувствителна за овие прашања. Ние сме купувач број еден на природен гас од Русија. Загубата на Турција ќе биде сериозна загуба за Русија. По потреба Турција може да купува природен гас од најразлични места“, изјави Ердоган за новинарите.

Тој истакна дека Турција може да го преиспита и прашањето за изградба на АЕЦ „Акују“ според рускиот проект, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња