На видеото што го објави RT најпрвин се гледа како на пистата слетува ловец-бомбардер Су-34. Потоа е прикажано како техничкиот персонал врши технички преглед на Су-24М.
Претходно Министерството за одбрана соопшти дека во извршувањето на борбените задачи во Сирија се вклучени во составот на групата на Воздушно-космичките сили на Русија повеќенаменските бомбардери Су-34.
Според информации на медиумите, на аеродроот Хмејмим во близина на Латакија е формирана авионска борбена група составена од бомбардери Су-24М и Су-34, јуришни авиони Су-25СМ и повеќенаменски ловци Су-30СМ. Освен тоа, во операцијата се вклучени јуришни хеликоптери Ми-24 и повеќенаменските Ми-8. Министерството за одбрана претходно соопшти дека ударната борбена група на руската авијација во Сирија вклучува 50 летала.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.