„Национален интерес“ ги спореди рускиот тенк „Армата” и германскиот „Леопард”

Иако го надминува рускиот „Армата“ во општите карактеристики, германскиот тенк „Леопард” нема проектили кои можат да го пробијат заштитниот оклоп на рускиот тенк, наведува „Национален интерес“.

Креиран од страна на германската компанија „Krauss-Maffei Wegmann GmbH”, тенкот „Леопард 2А7” може да се смета за најдобриот тенк на светот од сите кои се во моментов на борбена должност. Како и сите германски тенкови, тој е многу добро балансиран, добро осмислен и дизајниран, но сето тоа си има своја цена. Квалитетот на руските тенкови, од друга страна, обично трпеше поради количината, меѓутоа, се чини дека „Армата” Т-14 го прекина овој тренд, пишува „Национален интерес”, а пренесува „inoСМИ.Ru”.

Како што пишува изданието, овој тенк во многу нешта потсетува на западните пандани и нема да се произведува во голем број како Т-72. Иако „еден на еден“ „Армата” не е толку моќен како „Леопард”, тој може да претставува реална закана, затоа што Русија се наоѓа покрај Германија, а во историјата веќе се случувало руските тенкови да влезат во Берлин.  

Се разбира, веројатноста за средба на бојното поле на руските и германските тенкови во иднина е многу мала. Најверојатно странските купувачи на овие тенкови ќе се борат меѓу себе, но, сепак, во случај на таков судир германските тенкови ќе имаат проблеми. Меѓутоа, иако го надминува „Армата“ во општите карактеристики, „Леопард” нема проектили кои можат да го пробијат заштитниот оклоп на рускиот тенк, наведува изданието.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.