5 оклопни новитети на Парадата на победата

Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

На Парадата на победата на 9 мај планирано е да бидат покажани примероци на најновата руска воена техника. Некои од нив досега не ѝ биле прикажани на јавноста. „Руска реч на македонски“ избра пет новитети на руското вооружување кои во блиска иднина ќе влезат во состав на копнената војска.

Т-14 

Тенкот Т-14 е изработен на платформата на тенкот „Армата“. Ќе биде воведен во единиците како нов основен борбен тенк на руската копнена војска. 

Најважна карактеристика на Т-14 е куполата без посада. Сите три члена на посадата седат на дното од тенкот во специјална капсула. Новиот тенк добива топ со калибар 125 милиметри 2А82А, опремен со автомат за полнење, како и со 30-мулиметарски топ со митралец со калибар од 12.7 милиметри. 

Сета техника на платформа на тенкот „Армата“ конструирана е според принципот на модулност, а тоа значи дека ремонтот може да се врши со едноставно вадење агрегатот и со ставање на нов. Ова суштествено ја поедноставува поправката на техниката на подрачјето на борбените дејствија. Освен тоа, сиве овие најнови оклопни возила можат со авион или со воз да се донесат до бојното поле и благодарение на најновата опрема да се интегрира во единствен информациски простор на автоматизиран систем за управување со воени формации и оружје, што ги прави способни за водење на „мрежоцентрична“ електронска војна. 

Коалиција-СВ 


Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Самоодечкиот артилериски уред кој ќе го замени САУ МСТА-С, исто така е изработен на платформата на тенкот „Армата“. „Коалиција“ има свој оддел без луѓе, каде е монтиран пневматски механизам за полнење кој обезбедува високо темпо на оган. САУ во режим на тежок баражен оган може да уништува објекти на земјата до 70 километри. Новата технологија на повторно полнење овозможува вршење брза подготовка на огнот, како и менување на дислокацијата за една минута. 

Основното вооружување се наоѓа во куполата каде е монтиран артилериски уред и борбен комплет со систем за механизирано полнење. Моторот се наоѓа во задниот дел од возилото. 

Курганец-25 


Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Курганец-25 е универзална перспективна средна гасеничерска платформа, на чиј темел се планира изработка на борбено возило за пешадијата, борбено десантно возило, гасеничарски оклопен транспортер и противтенковски самоодечки уред.

Курганец-25 е руско борбено возило за пешадијата во кое посадата ќе биде одвоена од модулот со вооружување и муниција. 

Курганец-25 е опремен со борбен модул „Епоха“ без посада. Со бего се опремуваат и новите оклопни транспортери „Бумеранг“. Овој модул подразбира далечинско управување од терминалот на старешината и на нишанџијата и не зазема простор во борбеното возило. Во комплетот влегува и 30-милиметарскиот автоматски топ 2А42, 7.62-милиметарски митралез и противтенковскиот ракетен систем Корнет-ЕМ (4 ракети на два лансерни уреди на страните од куполата). 

Бумеранг 


Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Бумеранг е средна унифицирана платформа на тркала, на чија основа ќе биде развиено цело семејство борбени помошни возила.

Платформата на тркала Бумеранг треба да стане единствена база за правење борбени возила (БВП, ОТ, тенкови на тркала, како и шасија за техника со специјална намена). Бумеранг има осовинска конфигурација 8х8, модул на вооружување со далечинско управување и керамичка оклопна заштита. Во лесната и во средната варијанта на конструкцијата може да совладува водени препреки. 

Тајфун


Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Антитерористичките возила од семејството Тајфун со осовинска конфигурација 6х6 и 4х4 се наменети за превоз на пешадијата. 

Возилото гарантирано издржува експлозија под тркалата или под корпусот, со еквивалент од 8 килограми експлозив. Комбинираниот оклоп од челик и керамика издржува погодок од противоклопно зрно Б-32. 

Возилото е тешко 25 тони, има мотор од 450 коњски сили, автоматска трансмисија и може да превезува 16 диверзанти. Освен тоа, автомобилот доби систем за управување БИУС ГАЛС-Д1М за следење и за регулирање на работата на моторот, за пресметка на страничниот нагиб на возилото, нагибот на патот, брзината на движење и детекција на локацијата на возилото.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња