„Армата“ добива 152 мм топ

Најновиот руски тенк „Армата“ во иднина ќе добие топ со калибар 152 мм со моќна муниција, изјави за „Известија“ вицепремиерот Дмитриј Рогозин.

Најновиот руски тенк „Армата“ во иднина ќе добие топ со калибар 152 мм со моќна муниција.

„Ние имаме за овој тенк муниција која пробива челик со дебелина од еден метар, ќе ја ставиме во „Армата“, изјави за „Известија“ вицепремиерот Дмитриј Рогозин.

На парадата на Победата што се одржа на 9 мај во Москва, беа покажани тенкови со орудие со калибар 125 мм – таквите тенкови први влегоа во составот на вооружувањето на Министерството за одбрана. Но на следните серии ќе биде монтирано помоќно орудие.

Сепак, во експертската средина истакнуваат дека руската индустрија може да се судри со потешкотии при реализацијата на проектот „Армата“.

„Русија има проблем со барутот и муницијата. Затоа што тенкот е само агрегат за испорака на полнењето до целта. Може да се постави помоќен калибар. Но тенкот е систем од системи, и без новото полнење тенкот нема да биде ефикасен“, изјави раководителот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов.  

Стручњакот истакнува дека претстои работа за обука на персоналот за управување со „Армата“, затоа што за регрутите оваа машина е сложена.

На 13 мај претседателот на Русија Владимир Путин повика побрзо да се премине на сериско производство на вооружувањето што беше покажано на парадата.

Што се однесува до најновиот руски тенк „Армата“, според мислењето на стручњаците, тој во следните 20-30 години ќе ги дефинира основните трендови во производството на тенкови во светот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња