Руската војска изврши тестирање на боја која ја намалува радарската забележливост на оклопната техника. Според соопштението на претставник на Министерството за одбрана на РФ, во рамките на испитувањата што се одржаа на воениот полигон во Челјабинската област, новата боја била нанесена на тенкот Т-72 и БМП-2.
Бојата за оклопната техника е поиздржлива на ниски температури и подобро се спротивставува на формирањето на ледена обвивка на телото на тенкот, способна е да ја намали радијациската контаминација на техниката врз која е нанесена, а исто така е и малку забележлива за радарските системи на противникот. Според зборовите на претставникот на Министерството за одбрана, радио-апсорбирачкиот премаз и неговата боја се соодветни на стандардите прифатени во ВС РФ. Останати детали не се откриваат.
Во случај успешно да поминат испитувањата, руската војска ќе добие стелт-тенкови кои ќе можат да се користат во услови на ниски температури. Тенкот „Армата“ исто така треба да добие оклоп издржлив на ниски температури.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче