Продуцентите објавија крај на снимањето на серијата „Маша и Мечокот“

Руското студио „Анимаккорд“ ја прикажа последната, 52 епизода од популарниот анимиран серијал.

Руското студио „Анимаккорд“ ја прикажа последната, 52 епизода од популарниот анимиран серијал, пренесува „Русновости“.

Креаторите на анимираната серија „Маша и мечокот“ престануваат со нејзино снимање. Руското студио „Анимаккорд“ ја објави на YouTube последната, 52 епизода. Засега не се планира снимање на продолженија, изјави за „Известија“ продуцентот на проектот Дмитриј Ловејко.

Тој објасни дека студиото нема пари за нови епизоди. Според зборовите на Ловејко, сега тие се фокусирани на други проекти: „Страшните приказни на Маша“ и „Бајките на Маша“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.