Претседателот на Украина Петро Порошенко во текот на своето обраќање до Украинците по повод прославата на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна повика целиот свет да се обедини во „единствен фронт“ против Русија која, според мислењето на украинските власти, започна необјавена „хибридна војна“ против Киев, соопшти администрацијата на претседателот на Украина, а пренесува РИА „Новости”.
„Крвавите лекции од Втората светска војна не би требало да бидат залудни. Агресорот може да се запре само со заеднички напори, како што беше пред 70 години... Затоа токму денес, додека им одаваме почит на десетиците милиони загинати, им се обраќаме на сите народи од слободниот свет решително да се обединат против рускиот агресор кој започна необјавена „хибридна војна“ против суверена Украина“, рече Порошенко.
Украинскиот претседател, исто така, истакна дека „демократскиот свет мора да ги вложи сите напори за да го обнови системот на меѓународниот поредок и да ја врати довербата во меѓународното право“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче