Во Русија пронајдена нафта од 5 век п.н.е

Во Краснодарскиот крај во селото Илич руските археолози ја пронајдоа најстарата амфора со нафта.

Во Краснодарскиот крај во селото Илич руските археолози ја пронајдоа најстарата амфора со нафта. Во садот од 5 век пред нашата ера нафтата за две илјади години се претворила во густа, тешка маса, пишува „BFM.ru”.

Како што наведува изданието, примероци од „црното злато“ се испратени до стручњаците за да се утврди кој и како дошол до оваа нафта. Меѓутоа, на прашањето колку чинел тогаш барел „црно злато“, одговор, за жал, нема.

Стручњаците наведуваат дека о 5 век пред нашата ера, се разбира, немало платформи за вадење нафта, туку ја наоѓале „под нозе“.  Во тоа време течноста не била популарна.

Според зборовите на научниот соработник на Одделението за археологија на Институтот за историја и материјална култура при Руската академија на науки Сергеја Соловјов, тоа што нафтата е пронајдена во сад покажува дека веројатно некаде ја превезувале. Како што вели тој, уште е рано да се зборува за одредишта, меѓутоа, извесно е дека амфората е најдена недалеку од преминот за Крим.

Според претпоставките на експертите, нафтата можела да се користи за фенери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.