Амбасадата на САД во Москва не ги коментира плановите на боксерот Рој Џонс за добивање руско државјанство, но во целина поздравува кога Американците имаат свој удел во животот на руското општество.
„Јас не можам да коментирам за приватните американски граѓани. Но можам да кажам дека многу често во Русија пристигнуваат американски граѓани кои работат и живеат овде, имаат голем удел во руското општество во сферата на спортот, бизнисот и други области. И ние тоа го поздравуваме“, изјави за „Интерфакс“ прес-секретарот на амбасадата на САД во РФ Вилијам Стивенс.
Според прописите на САД, по добивањето на второ државјанство Џонс не мора задолжително мора да се откаже од американското. Властите на САД не признаваат второ државјанство, но не бараат откажување од американското од страна на граѓанинот сѐ додека тој не се откаже од него.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче