Во Русија проектиран пандан на „Мистралите“

Невското проектно-конструкторско биро изработи проект на десантен брод кој ќе биде алтернатива на француските „Мистрали”, соопшти за РИА „Новости” извор од воената индустрија.

Невското проектно-конструкторско биро изработи проект на десантен брод кој ќе биде алтернатива на француските „Мистрали”, соопшти за РИА „Новости” извор од воената индустрија.

„Универзалниот десантен брод од проектот „Прибој“, проектиран од Невското биро, ќе има депласман од 14 илјади тони и ќе може да носи до осум хеликоптери Ка-27 и Ка-52К. Планирано е изградбата да почне веќе во 2016 година”, изјави изворот.  

Според неговите зборови, вооружувањето на бродот ќе биде составено од противвоздушниот систем „Панцир-М”, ќе може да превезува до 500 војници и околу 40-50 единици техника. Должината на бродот ќе биде 165 метри, а ширината 25 метри.

Медиумите вчера пренесоа дека француско 3-Д проектно биро предложило да ѝ помогне на Русија да произведе аналог на „Мистралите“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња