Деновиве во Виена атмосферата е навистина жешка. Подготовките за првата полуфинална вечер се завршени. Полина Гагарина е еден од учесниците кој најмногу го привлекува вниманието како на евровизиските фанови, така и на пошироката публика. Вчера веќе гласаше жирито за песните од првото полуфинале, а резултатите ќе ги дознаеме утре откако ќе бидат исполнети сите композиции од првата вечер.
Според гласањето на членовите на Евровизискиот клуб, Полина убедливо води со 168 гласови. Според голем број мислења на членовите на Евровизискиот клуб таа сигурно ќе влезе во финалето, а големи се и шансите за победа. Познавачите коментираат дека Полина има сè што е потребно за добар пласман: добра песна, одличен изглед, прекрасен стајлинг и осмислена кореографија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче