Владата на РФ одвои 1,87 милијарда рубли за намалување на тензиите на пазарот на труд во Татарстан, Алтајскиот крај, Самарската и Тверската област. Донесените мерки ќе овозможат да се задржат околу 35 илјади работни места, беше соопштено денеска на веб-локацијата на владата, а пренесува РИА „Новости“.
Парите се издвоени во рамките на реализацијата на антикризниот план на владата на РФ и се наменети за поддршка на автомобилската и транспортна индустрија, поточно за „КАМАЗ“, „АвтоВАЗ“, „Алтајвагон“ и „Тверската фабрика за вагони“.
Донесените решенија ќе овозможат во 2015 година да се задржат на работа околу 35 илјади работници кои се во опасност да бидат отпуштени и граѓани кои бараат работа, а кои живеат во република Татарстан, Алтајскиот крај, Самарската и Тверската област, се истакнува на веб-локацијата на владата на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче