Федералната инспекција на РФ во сферата на телекомуникациите, информатичките технологии и медиуми (Роскомнадзор) по разгледување на поднесеното барање, ѝ издаде на компанијата „CNN International“ дозвола за емитување во Русија. Тоа ѝ овозможува на компанијата да емитува програма преку кабелските оператори на целата територија на РФ.
Си-Ен-Ен на 31. Декември го прекина емитувањето на програмата преку кабелските и сателитските мрежи на Русија. Тогаш компанијата „Turner Broadcasting System“, која е сопственик на телевизискиот канал, соопшти дека одлуката е предизвикана од промените во руското законодавство, но не прецизираше за што поточно станува збор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче