Могерини: ЕУ ќе побара од САД и Русија намалување на нуклеарните арсенали

Европската унија на планираната за пролетва прегледна конференција за Договорот за нераспространување на нуклеарното оружје ќе се обрати до САД и Русија со барање да ги намалат своите нуклеарни арсенали.

Европската унија на планираната за пролетва прегледна конференција за Договорот за нераспространување на нуклеарното оружје ќе се обрати до САД и Русија со барање да ги намалат своите нуклеарни арсенали. Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, соопштува ТАСС. 

„Ние треба да потврдиме дека наша обврска е да се постигне нуклеарно разоружување и да се нагласи потребата за постигнување конкретен процес во таа област, особено по пат на намалување на арсеналите со нуклеарно оружје во светот, истакна таа. – Ние го поздравуваме постигнатото во овој момент значително намалување, истакнувајќи ја особената одговорност на државите кои располагаат со големи арсенали и ги поздравуваме индикаторите на прогресот кои ги изјавуваат САД и РФ при реализацијата на новиот договор за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје и ќе ги повикаме на понатамошно намалување на своите нуклеарни арсенали, меѓу другото на стратешкото, нестратешкото, распореденото и нераспореденото оружје“. 

Според мислењето на Могерини, „во сегашнава атмосфера тоа ќе биде задача, особено тешка за исполнување“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња