79% Руси ги чувствуваaт последиците од санкциите

Анкетата на Левада-центарот покажа дека мнозинството Руси (79%) ги почувствувало последиците од санкциите врз Русија, 34% признале дека ограничувањата од Западот создаваат вистински проблеми

Анкетата на Левада-центарот покажа дека мнозинството Руси (79%) ги почувствувало последиците од санкциите врз Русија, 34% признале дека ограничувањата од Западот создаваат вистински проблеми, 12% сметаат дека санкциите немале последици, известува Интерфакс.

Згора на тоа, според мислењето на 69% испитаници, Русија би требало да ја продолжи политиката, без оглед на санкциите. Секој петти во државата укажа на потребата да се направат компромиси за да се укинат санкциите. 

Се истакнува дека 34% испитаници се изјасниле за ригорозни мерки како одговор на санкциите на Западот, 32% предложиле да се игнорираат активностите на европските држави и САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња