Макфол: САД има што да научи од Русија

Политичарот смета дека САД назадуваат од Русија по прашањето за мајчинството.

Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол смета дека Соединетите Држави има што да научат од Русија по прашањето за обезбедувањето на социјалните права на идните мајки.

Политичарот ги коментираше зборовите на корисникот со профил @skostiaev, кој се надоврза на истражување објавено во Huffington Post, во кое се тврди дека САД се наоѓаат на последните места според бројот на породилни денови кои им се даваат на мајките (на исто место со Лесото и Свазиленд).

„Да, согласен сум. Има што да научиме од Русија околу тоа прашање“, напиша Макфол на својот профил во Твитер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.