„Ратник“ го обединува современото стрелечко оружје, ефективната заштита, средствата за врска и набљудување - сѐ на сѐ околу десет различни подсистеми.
Првите примероци од руската борбена опрема на „војникот на иднината“ - „Ратник“, веќе се најдоа во единиците на руските Вооружени сили, изјави Олег Мартјанов, член на Воено-индустриската комисија.
„Ратник“ го обединува современото стрелечко оружје, ефективната заштита, средствата за врска и набљудување. Вкупно оваа борбена опрема содржи десет различни подсистеми.
„Веќе Вооружените сили ги добиваат првите примероци“, изјави Марјанов.
Тој забележа дека во февруари треба да се одржи состанок на комисијата за опремување на Вооружените сили, која треба да го дефинира крајниот изглед на опремата. Едно од главните прашања ќе биде вклучувањето на автоматите АК-12 и АЕК-971.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче