Медиуми: Западот не успеа да ја осознае стратешката важност на Русија

Украинската криза стана „линија на разделба“ помеѓу Русија и Западот - на местото на принципите на дијалог и балансиран светски поредок, дојде моделот на антагонизам, пишува кинескиот весник Global Times of China.

Украинската криза стана „линија на разделба“ помеѓу Русија и Западот - на местото на принципите на дијалог и балансиран светски поредок дојде моделот на антагонизам, пишува кинескиот весник Global Times of China.

Москва не верува во скоро решавање на украинската криза

Изданието забележува дека 20 години по завршувањето на Студената војна, западните држави уште не успеаја да го осознаат стратешкото значење на Русија во изградбата на системот за европска безбедност. Западната коалиција никогаш не се стремеше „да се отвори“ за Русија, се пренесува во статијата.

“Случувањата во Украина доведоа до криза во безбедносниот модел на Европа. Северноатлантскиот пакт повеќе не е доволен... Промената на украинскиот режим ја постави Русија во непријатна позиција... Украина не е само буфер зона за геополитичката стабилноста на Москва, туку и историски претставува најважен дел во словенската цивилизација“, се забележува во статијата.

Повоениот светски поредок, кој беше основан на принципите на соработка и дијалог, во моментов се руши, пишува весникот, а на негово место доаѓа воената конфронтација и односи меѓу САД и Русија кои можат да се опишат со зборот „антагонизам“. Што се однесува до Украина, избраниот курс на земјата за интегрирање во западната економска и политичка заедница нема да ги реши насобраните проблеми во државата. Затоа регионалната нестабилност може да потрае уште неколку години, а Киев ќе остане „камен на сопнување“ во односите меѓу Москва и Вашингтон.

Весникот додава дека улогата на економиите во развој во новиот геополитички модел пораснала, а со тоа е појавува потреба од реформирање на системот на меѓународни односи. Сепак, традиционалните „супердржави“ се обидуваат да го задржат стариот светски поредок, арогантно сметајќи дека стариот свет, основан на западните системи на вредности, ќе биде вечен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња