![]() |
На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција |
Угледниот американски весник “Foreign Policy” пишува дека Западот ги користи киевските власти за да го заостри конфликтот со Русија, пренесува порталот „Взглјад“.
Во статијата “How to Win Friends and Influence Putin” („Како да стекнете пријатели и да влијаете на Путин“), чие име алудира на позната книга на Делј Карнеги, акциите на НАТО се карактеризираат како провокација, а за неодамна усвоениот „Акт за поддршка на слободата на Украина“ се кажува дека е агресивен и бесмислен.
Според мислењето на авторот на статијата, односите ќе се подобрат доколку САД и европските земји ѝ ветат на Русија дека Украина ќе остане неутрална и дека нема да стане членка на НАТО. Во статијата се користи и изразот „мирна коегзистенција“ од времето на Студената војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче