Претседателот на Филипините го нарече Путин свој идол

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте во интервју за ТВ-каналот „Ал Џезира“ го нарече Путин свој идол.

„Тој нема илузии за себе. Тој знае дека не бил обучен да биде политичар или шеф на држава. Тој се однесува како што му прилега на еден претседател“, истакна претседателот на Филипините Родриго Дутерте.

Интервјуто е одржано во опуштена атмосфера: новинарот му покажува на филипинскиот претседател листови со имиња на политичари, а претседателот го искажува своето мислење за секој од нив. Кога пред очите на Дутерте се појавува лист со името на Путин, тој без размислување одговара: „Мојот идол!“, пренесува „Взгљад”.

Претходно Дутерте изјави во Пекинг дека за неговата земја е дојдено времето да се збогуваат со САД. Покрај тоа, тој изјави дека Филипините се подготвени да одржат заеднички воени вежби со Русија и Кина.

Дутерте исто така вети и дека ќе купува оружје од Русија наместо од САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња