Камерон изрази подготвеност за заострување на санкциите против Русија

Според неговите зборови, постапките на Русија претставуваат сериозна закана за Европа.

Велика Британија не сака нова Студена војна, но е подготвена да поддржи заострување на санкциите против Русија доколку дојде до заклучок дека ја продолжува дестабилизацијата на ситуацијата во Украина, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

„Постапките на Русија претставуваат сериозна закана за остатокот од Европа“, изјави Камерон, а пренесува ИТАР-ТАСС. „Доколку Русија продолжи да се движи по својот сегашен пат, ние ќе го зголемиме притисокот, а односите на Русија со остатокот од светот ќе бидат сосема поинакви во иднина“, изјави премиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња