Шојгу најави создавање на вселенски систем за нуклеарно одвраќање

Овој систем ќе дојде како замена за средствата за предупредување од ракетен напад, создаден уште во советско време.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе создаде Единствен вселенски систем (ЕВС) кој треба да стане еден од „клучните правци за развивање на силите и средствата за нуклеарно одвраќање“, пренесува РБК.

Тој систем ќе ги замени средствата за предупредување за ракетен напад, создаден уште во советско време, изјави Шојгу. „Како резултат на тоа, ние ќе можеме да откриваме лансирања на различни видови балистички ракети, вклучувајќи и прототипови од Светскиот океан и државите кои извршуваат вежби“, додаде тој.

Според зборовите на Шојгу, во составот на ЕВС ќе влезат вселенските апарати од новата генерација, како и модернизираните командни пунктови кои обезбедуваат управување со орбиталните апарати, прием и обработка на специјална информација во автоматски режим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња