83% од Французите се информирани за кризата во Украина, сведочат резултатите од анкетата, извршена од Меѓународната агенција „Русија денес“.
Сепак, само 36% од анкетираните се за вмешување на ЕУ во кризата во Украина. Од нив 7% се изјавиле дека ЕУ треба да прати оружје во Украина. 57% се согласуваат дека треба да се прати хуманитарна помош во Украина, а мисија миротворци – 39%. Притоа, само 8% од жителите на Франција сметаат дека треба да ѝ се даде кредит на Украина.
Според мислењето на Надежда Узунова, научен соработник во Центарот за евроатланстки истражувања, Французите се восхитуваат од Русија и нејзината сила да се држи до своите принципи и интереси.
„За Французите државата е многу важна. А тие во Русија гледаат држава која е подготвена да ги брани своите интереси. И можно е баш тие карактеристики да предизвикуваат почит кај нив“, смета експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче