Западни медиуми: САД донесоа мерки против Русија кои лесно може да се укинат

Запад создаде санкции против Русија за да може бизнисот многу лесно да се врати во Русија откако истите ќе бидат укинати, пишува авторот на статијата „Санкциите против Русија се создадени за да може лесно да се укинат“ во весникот The Wall Street Journal.

„Се случи еволуција на мислењето околу прашањето за санкциите“, ги наведува весникот зборовите на Хосе Фернандез, поранешен помошник на државниот секретар на САД, одговорен за економија, енергетика и бизнис, кој до минатата година учествуваше во создавањето на американската политика на санкции.

Запад започна да дејствува повнимателно околу прашањето за носење санкции после компликациите кои се појавија после преземените мерки против Либија и Мјанмар, Укинувањето на мерките против тие држави се покажа како комплицирано, бидејќи санкциите беа „испреплетени“ една со друга. Притоа, во однос на Мјанмар САД сѐ уште има црн список кој опфаќа значителен дел од економијата на државата.

Според зборовите на Фернандез, американските власти се обиделе да не ги повторуваат минатогодишните грешки во случајот со антируските мерки. Имено затоа против Москва биле донесени санкции кои опфаќаат конкретни гранки, а не целата руската економија, пишува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња