Поранешниот министер за одбрана на Велика Британија: САД не треба да ѝ се закануваат на Русија

Вашингтон и неговите сојузници во западните земји треба да се воздржат од упатувања празни закани на Москва, како и да најавуваат можно учество во воените дејства во Украина, изјави поранешниот британски министер за одбрана, Лијам Фокс.

„Сметам дека е многу важно да не се глуми дека сте во состојба да направите нешто што сигурно нема да го направите“, изјави Фокс на конференцијата за печатот од американскиот фонд „Наследство“, истражувачки институт кој е занимава со проучување на проблемите на меѓународната политика.

„Според мене, лажните закани претставуваат голем проблем. Ние мораме да разгледаме различни пристапи за решавање на актуелната ситуација во Украина“, коментираше поранешниот шеф на британскиот одбранбен сектор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.