Русија и Јужноафриканската Република за време на конференцијата на МАГАТЕ потпишаа меѓувладин договор за стратешко партнерство во атомската енергетика и индустрија. Овој документ дава можност на владаа на ЈАР да гради нуклеарни централи по руска технологија, пренесува кореспондент на РИА „Новости“.
Од името на владите на нашите држави документот е потпишан од директорот на Росатом, Сергеј Кириенко и министерот за енергетика на ЈАР, Тин Џомат-Петерсон.
„Договорот создава основа за развој на широка програма во ЈАР за изградба на нуклеарни реактори до руска технологија и со повика моќност до 9,6 гигавати (до 8 реактори). Тоа ќе бидат првите нуклеарни реактори кои ќе работат по руска технологија на африканскиот континент“, изјави за РИА Новости претставник на „Роастом“.
Потпишувањето на договорот, освен изградбата на нуклеарни централи, предвидува и сорабтока во други сфери на нуклеарната индустрија, вклучувајќи изградба на наставен и истражувачки реактор по руска технологија, развој на инфраструктурата на нуклеарните реактори, како и подготовка на јужноафриканските специјалисти во руските универзитети.
Во моментов во ЈАР работи единствената нуклеарна централа во Африка „Куберг“. Државната програма на ЈАР за развој на нуклеарната енергија, предвидува до 2030 година да се зголеми уделот на електричната енергија од реактори од 5 на 25%. ЈАР сака да изгради 8 нови нуклеарни реактори со вкупна моќ од 9,6 гигавати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче