Костин не верува дека ЕУ ќе ја исклучи Русија од системот SWIFT

Шефот на руската банка ВТБ, Андреј Костин не верува дека ЕУ ќе се реши да ја исклучи Русија од системот на банкарски тансакции SWIFT.

Шефот на руската банка ВТБ, Андреј Костин не верува дека ЕУ ќе се реши да ја исклучи Русија од системот на банкарски тансакции SWIFT.

Опасност од исклучување на руските банки од SWIFT веќе струјат низ медиумите неколку недели. Во четврток Европскиот парламент ги повика државите на ЕУ да ја разгледаат можноста за исклучување на Русија од тој систем. Кон крајот на август заменикот министер за финансии на Русија, Алексеј Моисеев изјави дека подготвен е законски проект за создавање на руски аналог на системот SWIFT.

„Сметам дека тоа нема да се случи, бидејќи... тоа би го нарекол акт на директна агресија против финансискиот систем на Русија со сите можни последици кои доаѓаат од тоа. Тоа е многу силна мерка“, изјави за новинарите шефот на ВТБ банката, втора во големина во Русија според големината на активите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња