Руските научници се жалат дека ги одбиваат нивните научни трудови во странство

Руските научници се пожалија дека ги одбиваат нивните молби за објавување во странство, изјави во петокот весникот „Известија“, повикувајќи се на петмина научници од Руската академија на науки и на издавачите на зборниците кои работат во областа на физиката и хемијата.

„Ситуацијата е ваква – трудот треба да се испрати на рецензенти, и врз основа на нивната рецензија се носи решение. Сега е иста ситуацијата како и во 2008 година, кога започна војната во Јужна Осетија – главните издаваштва не ги праќаат трудовите на рецензентите, туку директно ни праќаат порака дека одбиваат да ги издаваат. Во пораката пишуваат дека ‘кај нив доаѓаат многу трудови и постои голема конкуренција’. Но јас имав повеќе од стотина публикации од 2009 до 2013 година и ниту едно писмо во кое се спомнува одбивање. Во последниве три месеца веќе дојдоа три писма со одбивање“, изјави Павел Трошин, научен соработник во Руската академија на науки.

Шефот на катедрата за фармакологија при Факултетот за фармација во МГМУ се пожали дека поради конфликтот во Украина, неговите колеги останале без ветените грантови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња